Аргентинската претседателка Кристина Фернандез де Кирхнер (61) е префрлена во една болница во Буенос Аирес и задржана на лекување, соопшти кабинетот на шефот на државата.
Лекарскиот конзилиум кој води грижа за нејзното здравје, соопшти дека здравствената состоја на претседателката е „стабилна“.
Кирхнер беше префрлена во болница со симптоми на бактериска инфекција на дебелото црево, откако таа имала силна треска. Лекарите велат дека таа ќе мора најмалку десет дена да се одмара и да не работи, откако ќе биде пуштена од болница, но не соопштија кога тоа ќе се случи.
Претседателката на Аргентина веќе подолго време има проблеми со своето здравје, поради што често се повлекува од политичкиот и јавниот живот на земјата, а досега има откажано повеќе државнички посети во странство.
Во посебно соопштение од нејзниниот кабинет е потврдено дека таа нема да учествува во работата на претстјниот Самит Г-20 што идната недела ќе се одржи во австралискиот град Бризбејн.
Левичарска политичарка првпат беше избрана за шеф на државата во 2007 година. Во 2011 година, таа одново убедливо победи на претседателските избори, а опозицијата во Буенос Аирес се сомнева дека таа планира да изврши уставни измени, за да за да си обезбеди и трет, едноподруго мандат.
Минатата година таа помина повеќе од еден месец во болница, за да и биде запрено крварењето во мозокот, а оваа година не присуствуваше на прославата на Денот на независноста, поради нова инфекција.
Кристина Кирхнер во политката влезе по повлекувањето на нејзниот сега покоен сопруг, претседателот Нестор Кирхнер. Таа е третата жена кои во политиката влегле преку своите сопрузи, по Ева и Изабела Перон.