Во близина на локацијата каде што исчезна аргентинската подморница со 44 членови екипаж била забележано нешто што наликува на експлозија, соопшти аргентинската Воена морнарица.
Енрике Балби, портпаролот на морнарицата кажа дека регистрирале абнормален, единствен, кус, насилен случај, кој не бил од нуклеарен карактер. Тој додаде дека биле информирани дека се случило нешто што наликува на експлозија, но не знаат од што била предизвикана.
Потрагата по подморницата „Сан Хуан“ трае цела недела, со што влегува во критичната фаза кога екипажот почнува да се соочува со недостиг на кислород.
Во потрагата учествуваат десетици авиони и бродови од 12 земји, меѓу кои и од Аргентина, Бразил, Велика Биратнија, САД и Чиле.