Аргентинска претседателка ги исмеја Кинезите

Од:

Аргентинската претседателка Кристина Фернандес де Киршнер која е во центарот на вниманието поради убиството на државниот обвинител Алберт Нисман, кој наводно подготвувал докази против неа поради кои можела да заврши во затвор, повторно ја вознемири јавноста и тоа со шега објавена на „Твитер“.

Имено претседателката се упатила во Кина да присуствува на самит за трговија и на „Твитер“ го исмеала начинот на кој Кинезите зборуваат.

Потоа се обидела да се извлече и напишала коментар во кој се извинува и додала дека нивото на апсурдности и глупости е толку големо што само со хумор може да се „свари“.

Кина се уште не излезе со официјален одговор на овие испади на аргентинската претседателка, кои предизвикаа бурни реакции на интернет, бидејќи многумина сметаа дека е неверојатен нејзиниот недостаток за почитување и мерка, како и дека таквите шеги не се веќе во мода.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио