Еден аргентински столар кого колегата случајно го повредил, со клинец долг 8 сантиметри од пиштол, право во срцето, за чудо преживеал и сега се опоравува, соопшти сајтот “Метро”.
Неименуваниот 19-годишник работел во фабрика за дрвени палети во Кањуелас кога се случила несреќата.
Неговиот колега во тој момент користел пиштол за клинци и ненамерно го погодил.
Столарот, кому клинецот му ја пробил десната срчева комора , лекарите го оперирале околу два часа.
Лекарите одлучиле да не го вадат веднаш клинецот, бидејќи тој дејствувал како чеп и го запрел крварењето, рече Арналдо Медина, директор на болницата “El Krus Nestor Kirhner”.
“Во хируршката сала внимателно ја отворивме градната коска за да не удриме во клинецот и ја зголемиме раната во срцето. Со видлив клинец, со рака го отстранивме туѓото тело, кое се забило во десната комора. Пациентот одлично се опоравува”, вели д-р Марсело Наин.
Медина рече дека досега во светот се регистрирани само три случаи, во кои лицата преживеале таква повреда – во САД, Австралија и Полска.
“Во вакви случаи, многу е важно искуството на медицинскиот тим”, изјави Медина.
Доктор Наин предупреди на опасностите од употребата на пиштол за клинци, кои ја зголемуваат продуктивноста, но се заслужни и за голем број на повреди.