Десетици илјади демонстранти вчера излегоа на улиците низ градовите во Аргентина протестирајќи против владата на претседателот Алберт Фернандез.
Полицијата соопшти дека најмалку 25.000 лица маршираа во главниот град Буенос Аирес, пренесе Си-Ен-Ен.
Граѓаните протестираат против одговорот на владата на пандемијата на коронавирусот и економската криза во земјата, како и заради законот за реформа на правосуството што е предложен од Фернандез.
Протести се одржаа и во Кордоба, Мар дел Плата и Росарио.
Аргентинското Министерство за здравство објави дека 299.126 лица се заразени со коронавирусот во земјата и дека досега умреле 5.814 лица.
Фернандез во петокот соопшти дека карантинот ќе остане во сила до крајот на месецот.