Аргентински лутерански свештеник Мануел Акуња прска со света водичка и мавта со христовото распетие, а потоа ја става раката на потното чело на жената пред себе додека таа вреска.
Тоа не е хорор филм туку курс по егзорцизам, веројатно првиот во Латинска Америка, пренесува Хина.
Се наведува дека овој 54-годишен свештеник ги обучува лаиците за „егзорцистики советници“. Школарината за неговиот курс „Парапсихологија, ангелологија и демонологија“ изнесува 47 долари месечно.
Меѓу неговите ученици има домаќинки, адвокати, писатели и архитекти, пренесува хрватската агенција.