Арапско-курдската коалиција: Американските вооружени снабдувачи ќе го забрзаат поразот врз ИД

Од:

Одлуката на САД да ја вооружи сириската курдска милиција Силите за заштита на народот, ќе помогне да се забрза поразот врз радикалната група Исламска држава, изјави денеска портпаролот на арпаско-курдската коалција, што се бори против екстремистичката група.

Сириските демократски сили, главната компонента од која е создадени Силите за заштита на народот, во ноември мината година започна офанзива во Рака, упориштето на ИД во Сирија, со логистичка и воздушна поддршка од Вашингтон, а потоа ја презеде контролата врз значителни области.

– Американската одлука за вооружувње на Силите за заштита на народот е важно и ќе го забрза поразот на тероризмот, изјави претставникот на Сириските демократски сили Талал Село.

Официјалната најава на таа поддршка е „последица од високата ефективност на Силите за заштита на народот и Сириските демократски сили како целина во борбите против тероризмот“ во Сирија каде ИД беше прогонета од бројни свои упоришта со дејствијата на арапско-курдксата коалција, што е создадена кон крајот на 2015 година.

– Откако стапи на функција, администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп ја зголеми поддршката за нашите сили, посочи Село.

Синоќа, претседателот Трамп одобри пратки на оружје за Силите за заштита на народот.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот