Арапската лига го поздрави создавањето зони за деескалација во Сирија, но под услов да не водат кон поделба на земјата

Од:

Арапската лига го поддржа создавањето зони за деескалација во Сирија, но тоа не треба да води кон распад на земјата, изјави генералниот секретар на организацијата, Ахмед Абу ал Гејт, по средбата со рускиот шеф на диполматијата Сергеј Лавров во Каиро, пренесе ТАСС.

-Го разгледавме и поддрживме таквиот чекор, но создавањето на ваквите зони не треба да води кон фрагментирање и распад на Сирија, додаде тој.

Генералниот секретар на Арапската лига додаде дека на средбата со Лавров не е разговарано за враќањето на Сирија во членството на организацијата.

-Имаме различни позиции за ова прашање, но тоа не беше засегнато во нашите разговори, подвлече тој.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад