Аракчи: Трамп ја потисна можноста за деескалација на конфликтот во регионот на Блискиот Исток

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп речиси „ја потиснал отвореноста на Иран за деескалација“ во регионот на Блискиот Исток, која постоела под услов воздушниот простор, територијата и водите на соседните земји да не се користат за напад врз Иран.

Тој предупреди дека САД ќе бидат одговорни за „интензивирање“ на иранските акции.

– Погрешното толкување на намерите и можностите на Иран од страна на Трамп ја уби можноста за намалување на тензиите. Одговорноста за понатамошно зајакнување на одбраната на Иран ќе биде на американската администрација, рече Аракчи на платформата X.

Тој додаде дека седумдневната авантура на Трамп веќе ја чинела американската војска 100 милијарди долари и животите на млади војници, и дека трошоците ќе бидат префрлени на обичните Американци преку зголемувањето на цените на бензинот.

Аракчи, исто така, потсети дека Националниот совет за разузнавање на САД, кој ги обединува 18 американски разузнавачки агенции, проценил дека војната против Иран не е одржлива и дека до американските преговарачи биле испратени предупредувања за неуспехот на војната, но прашал дали овие предупредувања биле пренесени, пренесува Танјуг.

Иранскиот функционер оцени дека војната во Ирак се води по налог на мала група поддржувачи на „Израел прво“, додека американскиот народ сака крај на скапите војни на Блискиот Исток.

Тој го предупреди американскиот претседател дека ако сака ескалација, „токму тоа е она за што нашите моќни вооружени сили одамна се подготвени“.

Иранскиот претседател Масуд Пезизкијан претходно посочи дека Техеран нема да ги таргетира соседните земји од Персискиот Залив „освен ако тие не бидат нападнати први“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прати му го ова на Трамп: Иранците на улица го прославуваат изборот на Моџтаба Хаменеи

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Иран порачува дека нема смисла да се зборува за прекин на огнот

ВИДЕО: Моџтаба Хамнеи е новиот лидер, што ќе значи тоа за Иран и за војната

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во државната рафинерија, Бахреин прогласи состојба на виша сила за резервите