Аракчи: Нема да се изнесува ураниум од Иран

Од:

Иран нема да ги изнесува од земјата своите резерви на збогатен ураниум, изјави денеска еден од главните ирански преговарачи пред клучните разговори на Техеран и светските сили за иранската нуклеарна програма.

– Ќе преговараме за количината, нивоата и методите за збогатување, но изнесување на материјали од земјата е црвена линија за Иран, изјави иранскиот заменик-министерот за надворешни работи Абас Аракчи. Преговорите, што треба да се одржат во вторник и в среда во Женева ќе учествуваат претставници на Иран, на САД, на Велика Британија, на Кина, на Франција, на Германија и на Русија.

Тоа ќе бидат први разговори од таков вид откако во август претседателската функција ја презеде умерениот Хасан Рухани, кој вети конструктивно ангажирање за решавање на контроверзната иранска нуклеарна програма.

Западот и Израел стравуваат дека Техеран се обидува да произведе атомска бомба, додека Иран тврди дека нуклеарната програма е наменета исклучиво за цивилни цели.

Иранската делегација ќе ја предводи шефот на дипоматијата Џавад Зариф, а американската државниот потсекретар Венди Шерман.

 

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он