Арагчи уверува: Иран повторно е стабилен по немирите

Од:

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, изјави дека состојбата во Иран е целосно стабилизирана и дека мирот е воспоставен низ целата земја по неодамнешните немири. Изјавата ја даде за време на средбата со шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, заменик-премиер и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати.

Според Арагчи, немирите биле поттикнати од „терористички елементи поддржани од Израел и САД“, со цел, како што рече, мирните протести да се претворат во насилство и хаос. Тој истакна дека благодарение на будноста на граѓаните и навремената реакција на безбедносните сили, јавниот ред и безбедноста се повторно воспоставени.

Иранскиот министер нагласи дека првичните протести биле мирни, но подоцна ескалирале поради странско влијание, што довело до човечки жртви, материјална штета и уништување на јавна инфраструктура. Во таа насока, тој остро ги критикуваше, како што ги нарече, провокативните изјави на американски претставници, оценувајќи ги како директно мешање во внатрешните работи на Иран.

Арагчи додаде дека иранскиот народ е решен да го брани националниот суверенитет и безбедност и нема да дозволи странска интервенција во внатрешните процеси на земјата.

Во одделен разговор со францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, Арагчи разговарал за билатералните односи, како и за актуелните регионални и меѓународни прашања. Во тој контекст, тој повторил дека насилството за време на протестите е резултат на дејствување на странски терористички елементи и ја повикал Франција јасно да ги осуди ваквите интервенционистички активности.

Би можело да ве интересира

Шефот на иранското правосудство најави забрзани судења за уапсените демонстранти

Захарова: ЕУ е лицемерна кон протестите во Иран

Пезешкијан: Протестите се резултат на неисполнети економски барања

САД испрати воени бродови и подморници кон Блискиот Исток

Авиокомпаниите ги откажуваат летовите кон Тел Авив

Аракчи: Не сакаме војна со САД, но сме целосно подготвени за неа