Апелацискиот суд во Египет укинал 37 смртни пресуди и побарал нивно преразгледување, соопштија денеска судски извори.
За време на дводневниот масовен судски процес минатата година, над 500 приврзаници на соборениот од власт исламистички претседател Мохамед Морси беа осудени на смрт. Делото, кое се спроведе по брза процедура, предизвика жестоки осуди од меѓународната заедница.
Во април минатата година по барање на висока исламска институција бројот на смртните пресуди беше сведен на 37, а пресудите на останатите обвинети беа заменети со доживотен затвор.