Лидерот на египетското движење „Муслиманско братство“, Мохамед Бадељ, кој се наоѓа во бегство денес упати апел за мирни протести.
-На достоинствен начин да ги зачуваме своите права-наведе тој.
Тој ги повика учесниците да покажат дека се залагаат за слобода и легитимитет, а дека се против крвавиот државен удар.
Сунитската група, која што ја предводи свештеникот Јусуф ал Карадави апалираше граѓаните да го слушаат повикот на командната војска која од нив бара да организираат протести, за да дадат поддршка во борбата против тероризмот.
Здружението на муслиманските интелектуалци синоќа донесе верски декрет со кој на Египќаните им се забрануваа да слушаат апели кои што може да резултираат со граѓанска војна.
Командантот на египетската војска, Абдел Фатах ал Сиси повика во петок ширум државата да се одржи митинг, на кој ќе му се даде овластување да се соочи со како што рече насилство и тероризмот по отповикувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси.
Eлена Георгиевска