Говедско месо заразено со смртоносен антракс е откриено во источна Унгарија. Пет лица се хоспитализирани бидејќи се сомнева дека се затруени, соопшти Унгарската национална служба за јавно здравство.
Антраксот е откриен во замрзнато говедско месо, откако стоката била незаконски заклана и обработена на фарма во градот Тисафурет, на 160 километри од Будимпешта.
– Хоспитализираните пациенти веројатно се заразиле во текот на незаконското колење стока, властите ги презедоа неопходните мерки така што опасност повеќе не постои, се вели во соопштението на Здравствената служба.