Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во Сирија нема испратено командоси, експерти за противвоздушна одбрана и воена опрема.
Изјавата уследи откако лондонскиот весник „Гардијан“ вчера објави дека руски воени советници ракуваат со најмодерните сириски системи за воздушна одбрана и оти тоа може да ја искомплицира евентуалната интервенција водена од САД во Сирија.
– Не е донесена никаква одлука за испраќање на командоси со руските воени бродови, изјави заменик-министер за одбрана Анатолиј Антонов.
Тој истакна и дека Русија не испратила во Сирија воени специјалисти за ракување со противвоздушните системи.