Италијанскиот министер за надворешни работи – Антонио Тајани денес го осуди насилството што избувна за време на пропалестинските демонстрации низ цела Италија, вклучително и Милано, каде што 60 полицајци беа повредени во судирите.
„Она што се случува е навистина неверојатно и нема никаква врска со поддршката на палестинскиот народ или правото на штрајк“, рече Тајани, кој е и заменик-премиер и лидер на партијата „Напред Италија“, наследник на партијата на Силвио Берлускони.
Тој додаде дека нападите врз полицијата, блокирањето на железничките станици и пристаништата, заплашувањето на туристите се „криминални и неприфатливи дела“, пренесува Анса.