Повеќе илјади луѓе денеска протестираа во Будимпешта поради изборниот систем, кои според нив му обезбеди на премиерот Виктор Орбан уште еден мандат.
Организаторите на денешниот протест на Фејсбук побараа ново пребројување на гласовите, слобода на медиумите, нов изборен закон, како и подобра соработка со опозициските партии.
– Изборниот систем на Фидес и владината кампања на омраза го втурнаа мнозинството во еднотретинско малцинство, истакнаа организаторите на Фејсбук.
Демонстрантите кои пристигнаа пред унгарскиот Парламент извикуваа „Ние сме мнозинство“.
Орбан на парламентарните избори, одржани на 8 април, освои трет мандат.