Антивладини демонстранти во Казахстан обвинети за обид за урување на Владата

Од:

Јавното обвинителство на Казахстан денеска покрена обвиненија против организаторите и дел од учесниците на минатонеделните антивладини проттести во земјата, со кои тие се товарат за обид за насилно уривање на казахстанската Влада.

– Нивна крајна цел не беше одржување на мирни протести, туку дестабилизирање на општествено-политичката ситуација, предизвикување меѓуетнички судири и приграбување на власта, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Протестите, за време на кои полицијата упаси десетици лица, беа организирани од страна на опозицијата во Астана, Алмати и Караганди, поради предложените аграрни реформи со кои на странци ќе им се овозможи земање земјиште под концесија на период од 25 години.

Уличните протестите се ретка појава во Казахстан, каде на чело на државата речиси три децени, уште од пред осамостојувањето од Советскиот Сојуз, е актуелниот претседател Нурсултан Назарбаев.

Казахстан, кој е богат со енергенси и минерални реусрси, последниве години се соочува со економска криза, предизвикана од ниската цена на нафтата, што доведе до пораст на инфлацијата.

Казахстан важи за една од најстабилните држави во Централна Азија и покрај обвинувањата за раширена корупција и за ограничување на демократските слободи.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан