Антируски наратив има и во Америка и во Европа

Од:

Антирускиот наратив кој со години се создава на Запад го спречува спроведувањето на конструктивни иницијативи со кои, меѓу другото, се согласува и Вашингтон, вели Јуриј Ушаков, помошник на претседателот на Русија, во интервју за новинарот Павел Зарубин.

„Таков наратив е создаден во последниве години, дури и децении – антируски наратив и во Америка и во Европа. Тоа го спречува унапредувањето на совршено разумни идеи, со кои се согласуваат дури и некои претставници на властите во Вашингтон“, посочи Ушаков.

Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација „ја разбираат суштината и причините за конфликтот во Украина“, што, како што вели, е значајно во контекст на потенцијалните дипломатски случувања.

Претходно за тоа зборуваше и претставникот на Русија во ОН, Дмитриј Полјански, кој рече дека европските и британските дипломати во Обединетите нации се обидуваат да ги спречат руско-американските преговори.

Би можело да ве интересира

Русија: Имаме докази за претставници на ЕУ да одговараат пред Трибуналот

Медведев: Нападот врз резиденцијата на Путин можеше да доведе до употреба на специјално оружје

Украина: Русите нападнаа два града, погодија згради и училишта, повредени се деца

Украина, Русија и Америка се среќаваат во Емиратите

„Блумберг“: Русија му верува на зетот на Доналд Трамп

Лавров: Додека Русија нуди дијалог, Западот притиска врз Вашингтон