Антиџихадистичките сили извршија нови напади врз ИД во Сирија

Од:

Воружените сили на САД и нивните арапски сојузници минатата ноќ извршија нови воздушни напади врз позиции на џихадистичката група Исламска држава во источните делови на Сирија.

Втор ден по ред нападите беа насочени кон рафинериите за нафта во сириската провинција Деир ал Зур, што се под контрола на џихадистите, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Покрај во Деир ал Зур, напади биле извршени и врз цели во реоните на градовите Мајдин и Рака.

Од почетокот на воздушните напади во Сирија во вторникот, според податоците на Центарот, биле убиени најмалку 140 џихадисти и 13 цивили.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад