Анкета: Околу 90 отсто од Јапонците се согласни да му се дозволи на царот да абдицира

Од:

Речиси 90 отсто од Јапонците поддржуваат измени во законот, со кои ќе му се дозволи на царот Акихито да абдицира, што не е можно според сегашниот закон, покажува истражувањето на весникот „Никеј“ и телевизијата „Токио“.

Анкетата, која е спроведена меѓу 9 и 11 август со учество на илјада лица, покажува дека 89 проценти од испитаниците сметаат дека треба да му се дозволи на царот да абдицира, а четири отсто се изјасниле против.

Дебатата започна откако во понеделникот 82-годишниот император Акихито во своето обраќање истакна дека би сакал да се повлече од престолот, додека е се уште жив, бидејќи стравува оти не може да ги извршува целосно должностите како „симбол на народот и на единството на нацијата“ поради неговата возраст и здравствена состојба.

Јапонската Влада и Парламентот треба да покренат иницијатива за измена на сегашниот закон, кој не предвидува можност за абдикација. Царот Акихито го наследи својот татко Хирохито во 1989 година.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови