Анкета: Мит Ромни го стигна Барак Обама

Од:

Претседателскиот кандидат Мит Ромни постигна скок на популарноста кај гласачите по конвенцијата на Републиканската партија во Тампа, покажуваат резултатите од анкетата на Ипсос.

Сепак, претседателот демократ Барак Обама ја задржува лидерската позиција со 44 проценти наспроти 43 проценти од гласовите за републиканскиот противкандидат Мит Ромни, покажува истражувањето спроведено на Интернет.

Во петокот Ромни успеа да го премине Обама за еден поент, а во четвртокот за време на конвенцијата која привлече милиони телевизиски гледачи републиканецот имаше два поени предност пред демократот.

Анкетата е спроведена на 1.505 регистрирани гласачи, со статистичка грешка од 2,9 проценти.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху