Анкета: Две третини од Италијанците не сакаат Марио Монти да се кандидира на следните избори

Од:

Речиси две третини од италијанците не сакаат премиерот Марио Монти да се кандидира на следните општи избори, покажуваат денеска објавените податоци на истражувањето на институтот „Ипсос“, спроведено минатата недела на барање на весникот „Кориере дела сера“.

Триесет проценти од испитаниците поддржуваат евентуално кандидирање на Монти. Сепак, само 8 до 10 проценти „имаат цврста намера“ да гласаат за него, доколку се кандидира.

Поддржувачите на Монти се претежно на средна возраст и со добро образование, додека против неговата кандидатура во најголем дел се млади луѓе.

Истражувањето е спроведено на примерок од 800 лица, со дозволена грешка од 3,5 проценти.

Од Марио Монти, кој го замени премиерот Силвио Берлускони минатиот ноември, се очекува да ја спаси Италија од банкрот, за што потребно е да излезе на ибзорите во февруари. Сепак, тој одбива да ја коментира оваа можност.

Европските колеги на Монти даваат висока оценка за неговите успешни напори да ја спаси Италија од банкрот и да почне реформи, особено во областа на пензиите и пазарот на труд.

Сепак, неговиот имиџ во Италија е значително затемнет во изминатите неколку месеци од строгите мерки за штедење, кои премиерот ги наметна на земјата, особено со непопуларното зголемување на некои даноци.

Моментално анкетите покажуваат дека фаворит на изборите е Пиерлуиџи Берсани, лидерот на Демократската партија.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он