Анкета: Четириесет отсто од Британците сакаат напуштање на ЕУ

Од:

Четириесет проценти од Британците сакаат напуштање на ЕУ, покажуваат денеска објавените резултати од анкетата, еден ден откако британскиот премиер Дејвид Камерон вети одржување референдум за членството на земјата во Унијата.

Истражувањето на интернет страницата YouGov, спроведено во неделата и понеделникот, ја потврди одамна постоечката желба на Британците да излезат од ЕУ.

Претходната анкета на сајтот, спроведена на 17 и 18 јануари, покажа дека 40 отсто од испитаниците биле „за“ останување на Велика Британија во ЕУ, додека 34 проценти се изјасниле против, што било првпат во последните две години.

Резултатите од анкетата, кои беа објавени вчера, ги натераа некои експерти да го критикуваат Камерон дека одбрал погрешен момент да вети одржување референдум кон крајот на 2017 година, доколку биде реизбран.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот