Демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел стандардно се најсилната партија во Германија, за која, ако изборите би биле в недела, би гласале 40 отсто од Германците, додека за најголемата опозициска Социјалдемократска партија (СПД) би гласале 29 проценти.
Либералите на вицеканцеларот Филип Реслер и шефот на дипломатија Гвидо Вестервеле, кои се актуелни коалициски партнери на Меркел, добија само четири отсто од гласовите, со што би останале вонпарламентарна партија.
Зелените, чиј лидер е поранешниот шеф на германската дипломатија Јошка Фишер би освоил стандардни 15 проценти од гласовите, Левицата – шест отсто, додека Пиратската партија би добила од еден до два проценти од гласовите.
Во таков однос на силите, демохристијаните би имале само 40 отсто од гласовите, бидејќи нивните партнери либерали не би успеале да влезат во Бундестагот, додека СПД и Зелените заедно би освоиле 44 проценти од гласовите.