Анкета: Австријците и верувањата во Господ

Од:

Само 28% Австријци веруваат во Господ, а 21% во Светото тројство, покажува анкета на институтот Маркет по повод Велигден.

Меѓутоа, 58% Австријци веруват во ангел чувар, а половината анкетирани сметаат дека има живот и по смртта, односно 38 отсто во бесмртна душа. Исто така, само осум отсто Австријци веруваат во ѓаволот, а 35% веруваат дека Бог сака луѓето да прават добри дела.

Секој педесетти Австриец верува во вампири. За Австријците на прво место како грев е кражбата, а на дното е работа во недела и празници, односно преминување во друга вера и откажување од црквата.

Што се однесува до Католичката црква, анкетираните (37%) сметаат дека таа би требало да пренесува вредности и да не дозволи да потпадне под модни трендови.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник