Анкета: 25 отсто Европејци би поткупиле државен службеник

Од:

Еден од четворица граѓани на ЕУ понекогаш смета дека е прифатливо државниот службеник да прими мито за да се забрза итна административна работа. Тоа е според анкетата на Агенцијата за основни права на Европската унија, цитирана од „Политико“.

Речиси половина од Европејците под 30-годишна возраст сметаат дека поткупување државен службеник е нормално, покажува студијата, иако постои голема разлика меѓу земјите.

Додека повеќе од половина од испитаниците во Словачка, Чешка и Хрватска – и 48 отсто во Франција – би размислиле да прибегнат кон мито кога се занимаваат со бирократи, само 1/5 или помалку размислуваат на ист начин во Шведска, Малта, Финска и Португалија.

Во однос на човековите права, истражувањето покажа дека во 11 од 27 земји-членки, најмалку 50 отсто од испитаниците „се согласуваат или силно се согласуваат“ дека кршењето на човековите права не е проблем во нивната земја.

Во исто време, 90 отсто од испитаниците (од 76 отсто во Унгарија до 96 отст во Малта) велат дека човековите права се важни за создавање поправедно општество во нивните земји.

Истражувањето е спроведено во 27 земји-членки, Велика Британија и Северна Македонија. Во него учествуваа меѓу 1.000 и 3.000 испитаници во секоја земја помеѓу јануари и октомври 2019 година.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани