Анан допатува во Иран на преговори

Од:

Специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига за Сирија Кофи Анан денеска пристигна во Техеран, каде со иранските лидери ќе разговара за решавање на сириската криза, изјави Ахмед Фаузи, портпаролот на Анан.

Анан пристигна во иранскиот главен град директно од Дамаск, каде се сретна со претседателот Башар ал Асад.

Во Техеран тој ќе разговара со иранскиот министер за надворешни работи Али акбар Салехи, како и со секретарот на иранскиот Висок совет за национална безбедност Саид Џалили.

Анан многу пати повикал за приклучување на Иран кон напорите за прекин на насилството во Сирија. Иран се смета за сојузник на Дамаск, но независно од неговото влијание во регионот негови претставници не беа поканети на меѓународната средба за Сирија во Женева, и покрај изјавите на Анан дека Техеран „треба да биде дел од решението на сирискиот проблем“.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак