Поранешниот британски премиер Тони Блер единствен можеше да го наведе американскиот претседател Џорџ В. Буш да се предомисли во поглед на нападот врз Ирак во 2003 година, вели Кофи Анан во разговор за лондонски Times.
Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, проценува дека Тони Блер можел да го наведе Буш да се предомисли „благодарејќи на нивните посебни односи, како и на фактот дека Велика Британија беше единствената велесила која се здружи со него”.
Анан додава дека често се прашувал што би се случило Тони Блер да му рекол на Џорџ Буш: тука нашите патишта се раздвојуваат, сега снаоѓајќи се самиот.
„Навистина мислам дека Блер можеше да ја спречи војната”, вели Анан.
Кофи Анан интервјуто го даде по повод излегувањето од печат на неговата книга „Интервенции – живот во војна и мир”.