Анализа на тајните служби на САД: Бунтовниците по грешка го собориле малезискиот авион

Од:

Според американски официјални лица и покрај тоа што нема докази за директна вмешаност на Русија во несреќата со малезискиот авион, Вашингтон смета дека Москва создала околности за уривање на авионот, пренесуваат медиумите.

Американските разузнавачки служби заклучија дека авионот најверојатно го собориле проруски сили со ракета земја-воздух СА-11 и дека на авионот е нишането веројатно поради забуна.

Разузнавачките извори велат дека до уривање на авионот на САД не им било познато дека проруските сили располагаат со таков вид на оружје.

Минатонеделното уривање на авионот во кој загинаа сите 298 патници и членови на екипажот ја продлабочија украинската криза, помеѓу проруските сепаратисти и владините сили.

-Се уште утврдуваме дали постои руска улога и дали на теренот имало Руси кои ги обучувале сепаратистите-рече за „CNN“, Бен Родес заменик на советникот на американскиот претседател за национална безбедност.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици