Анализа на „Боинг“: На авио-компаниите им требаат околу милион луѓе

Од:

Светските воздухопловни компании во следните 20 години ќе мора да ангажаираат околу милион луѓе, пилоти и техничари, се наведува во анализа на Боинг.

Воздухопловниот сектор ќе има потреба за 558.000 линиски пилоти до 2034 година за да одговори на растечките потреби на воздушниот сообраќај и да компензира заминување во пензија, се вели во студијата на Боинг.

Покрај пилотите, авиокомпаниите ќе имаат потреба во тој период и за дополнителни 609.000 техничари.

Од Боинг проценуваат дека во следните 20 години воздухопловните компании ќе ја зголемат својата флота за околу 38 илјади авиони.

По региони, најголема побарувачка за таков персонал ќе има во Азија-Пацифик – 226.000 нови пилоти и 238.000 техничари.

Во Европа според анализата, ќе се вработат 95.000 пилоти и 101.000 техничари. Во 2015 година побарувачката за пилоти е во пораст од 4 отсто во однос на 2014 година, а за техничари за околу пет отсто.

Би можело да ве интересира

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски