Ана Чапман го запроси Сноуден

Од:

Некогашната руска шпиунка, Ана Чапман му понуди брак на поранешниот службеник на американска НСА, Едвард Сноуден, кого американските власти го обвинија за шпиунажа.

Сноуден, како што се претпоставува со денови е на меѓународниот дел на московскиот аеродром, каде што без пасош, чека некоја од државите да му одобри азил.

„Сноуден сакаш ли да се ожениш со мене?“ напиша на својот профил на „Твитер“ , Чапман која што од САД е протерана во 2010 година.

anachapman-snowden

Поранешниот службеник на НСА бараше азил од Русија, но набргу го повлече барањето, откако рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека Сноуден треба да ги прекине активностите кои им штетат на САД, доколку сака да остане во Русија.

Ана Чапман е протерана од САД поради шпиунажа, заедно со уште девет руски агенти.

Откако се врати во Русија често се појавува во медиумите, што е невообичаено за поранешните припадници на тајните служби.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија