Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

Од:

Воената Влада на Мијанмар ќе ослободи 7.012 затворенции по повод одбележувањето на Денот на независноста, објави денеска државниот канал MRTV.

Јужноазиската држава се соочи со меѓународна изолација и западни санкции откако војската ја собори демократски избраната премиерка Аунг Санг Су Чи и постави свој народ да управува со земјата.

– Сакам да им се заблагодарам на некои меѓународни и регионални организации, поединци и земји, кои имаа позитивна соработка со нас, сред притисок, критики и напади. Ние тесно соработуваме со Кина, Индија, Тајланд, Лаос и Бангладеш, рече шефот. на Генералштабот, Мин Аунг Хлаинг.

Воената хунта е на власт во Мијанмар од 1 февруари 2021 година, кога ја отстранија Су Чи од власт и ја затворија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 144 загинати и 732 повредени во земјотресот во Мјанмар, објави државната телевизија

А1он

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Деца загинаа во манастир за време на разорниот земјотрес во Мјанмар

Горан Наумовски

Американскиот геолошки институт предвидува дека илјадници луѓе најверојатно загинале во Мјанмар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку десет загинат и 50 повредени во Бангкок и Мандалај

Горан Наумовски

Уништени се голем дел од патиштата во Мјанмар

(ВИДЕО) Започна спасувачката акција во Мјанмар: Луѓе се извлекуваат од урнатините