Амнести: Принудени сме да ја напуштиме Индија поради притисоци од Владата

Од:

Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести Интернешнл (АИ) денеска соопшти дека е принудена да ја запре својата работа во Индија поради репресија од индиската влада.

Организацијата ги обвини властите во Делхи дека почнале „лов на вештерки“ против организациите за човекови права.

Организацијата информира дека нејзините банкарски сметки биле замрзнати и оти била принудена да отпушта персонал во земјата и да ги прекине сите свои кампањи и истражувања.

Владата на Индија допрва треба да одговори на наводите на Амнести

– Ние се соочуваме со прилично невидена ситуација во Индија. Амнести Интернешнл Индија се соочува со силни напади, малтретирања и вознемирувања од страна на владата на многу систематски начин, изјави за Би-Би-Си Раџат Хосла, директор на АИ Индија.

Според него, сè се сведува на почитување на човековите права на кои работеле и Влада која не сака да одговори на прашањата што ги поставиле, без разлика дали се работи за истрагата за немирите во Њу Делхи или замолчување на гласовите во Џаму и Кашмир.

Амнести претходно ја прекина својата работа во Индија во 2009 година, бидејќи не и беше дозволено да добива средства од странство.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија