Амнести интернешенел: Изминатата година значително се деградирани правата на жените

Од:

Правата на жените и девојките се загрозени минатата година, објави денеска организацијата за човекови права Амнести интернешенел (АИ).

– Настаните од 2021 година и првите месеци од 2022 година сковаа заговор да ги уништат правата и достоинството на милиони жени и девојки, истакна генералната секретарка на АИ, Агнес Каламар.

Таа додаде „светските кризи не влијаат на сите подеднакво, ниту праведно“.

Во соопштението објавено по повод Меѓународниот ден на жената, Каламар наведе дека пандемијата на Ковид-19 и деградацијата на правата на жените во Авганистан се меѓу настаните што несразмерно влијаеле на правата на жените и девојчињата во изминатите 12 месеци.

– Сето тоа е сериозна ерозија на правата, но заедно? Мораме да се спротивставиме и да го погледнеме глобалниот напад врз достоинството на жените и девојките, посочи Каламар.

Таа додаде и дека „широко распространето сексуално насилство, што го карактеризира етиопскиот конфликт и нападите врз пристапот до абортус во САД, како и повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција за родово базирано насилство“ се меѓу таквите настани.

Каламар ги повика владите да ги повлечат одлуки што ја влошиле ситуацијата на жените а девојките.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Министерките за надворешни работи на 16 земји ги повикаа Талибанците да ја повлечат одлуката за образование на девојчињата

А1он

Во Пакистан илјадници жени маршираа за своите права

А1он

Тренчевска: Нашата борба продолжува, се до моментот на постигнување на еднаквост во сите области на општественото живеење

А1он

Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности

А1он

Повеќе од 28.000 жени во Саудиска Арабија аплицирале за 30 работни места како машиновозачи

А1он

РСС ќе избира жени претприемнички на годината од Западен Балкан

А1он