РСС ќе избира жени претприемнички на годината од Западен Балкан

Од:

Советот за регионална соработка (РСС) покренува иницијатива за избор на жени претприемнички од Западен Балкан, соопшти денеска организацијата со седиште во Сараево.

– Со оваа иницијатива имаме намера да им оддадеме скромно признание на овие храбри и силни жени кои се осмелија да се борат против стереотипите и да донесат промени, се наведува во соопштението.

Номинациите се отворени до 4 март 2022 година и секој може да номинира жена претприемничка која има бизнис во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

РСС ќе избере шест жени претприемнички на годината, на кои ќе им врачат признанија во шест категории: претприемничка во екологија, креативна жена претприемничка, жена претприемничка во туризмот и угостителството, жена претприемничка Ромка, жена претприемничка во старт-ап бизнис и млада жена претприемничка.

Жените претприемнички што ќе бидат избрани ќе добија поддршка во форма на менторство во траење од 20 дена во период од пет месеци, членство во Регионалниот центар на жени претприемнички, промоција преку каналите за комуникација на РСС и покани за различни собири што ги организира РСС.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ