Америкинската војска се повлече од воената база „Ал-Каим“ во Ирак

Од:

Ирачката војска со пригодна свеченост ја презеде воената база „Ал-Каим“ од американските и коалициските сили во оваа земја, што се наоѓа во близина на ирачко-иранската граница, во западната провинција Анбар.

Наскоро се очекува американската војска да напушти уште две други бази во земјата, јави агенцијата Анадолија.

Како што наведува агенцијата, станува збор за воена база на старата железничка станица што им беше дом на силите на меѓународната коалиција кои во борбата против ИД ги предводи војската на САД.

Оттаму се наведува дека токму овој регион во Ирак во 2014 година прв падна во рацете на џехадистите од ИД, а беше меѓу последните ослободени региони на крајот на 2017 година.

Во следните денови се очкеува повлекувањето на американските и коалициските сили од базите во Мосул и Киркук. Војниците кои излегоа од базата „Ал-Каим“, наводно, заминале за Сирија.

Со повлекувањето од три од вкупно осумтте бази САД значително го редуцираа своето воено присуство во Ирак. Тоа се случува во екот на тензиите во американските односи со Ирак и Иран.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија