Американско разузнавање: Русија стои зад нападот на браната

Од:

Владата на САД располага со разузнавачки информации кои ја обвинуваат Русија за уништувањето на огромната брана во Украина, пишува NBC News, повикувајќи се на двајца американски и еден западен претставник како извори. Администрацијата на претседателот Џо Бајден работеше на декласификација на одредени разузнавачки информации и нивно споделување уште попладнево, објави NBC News.

Воден порој ја проби џиновската брана на реката Днепар, која ги дели руските и украинските сили во јужна Украина, потопувајќи ја воената зона и принудувајќи многу жители да избегаат. Украина ја обвини Русија за минирање на браната Нова Каховка, додека Кремљ вели дека Украина ја саботирала браната.

Уништувањето на браната, исто така, предизвика нова загриженост за нуклеарната централа Запорожје, околу 150 километри возводно од хидроелектраната Каховка на реките Днепар, во регионот Херсон, која обезбедува ладење за нејзините реактори. Електраната и браната се во областа окупирана од руските сили по инвазијата започната на крајот на февруари 2022 година.

Украина ја обвини Русија дека ја разнесе браната за да ја запре нејзината офанзива.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги споредува најавите на Трамп за заземање на Гренланд со руските анексии во Украина

Зеленски: 980.000 украински војници пукаат на Русите

Русите тврдат дека целосно го зазеле градот Курахово

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Апокалиптични сцени во украинскиот Торек: Фронт во центарот на градот, Русите и Украинците се борат за секоја куќа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина почна ненадејна контраофанзива во Курск

Катерина Ѓуровски

Русите жесто ја нападнаа Украина: седуммина повредени, оштетени згради и болница

Катерина Ѓуровски