Паравоените групи, кои се борат заедно со ирачките владини сили против ИД извршуваат воени злосторства, користејќи оружје доставено од САД, Европа, Русија и Иран, соопшти денеска „Амнести интернешнал“ (АИ).
Во соопштението се наведува дека провладината милитантна група Народни мобилизациски сили (Хашид шаби), која сега дејствуваат на територијата на цел Ирак, е вооружена со оружје, произведено во најмалу 16 земји.
„Амнести интернешнал“ се повикува на свои истражувања на терен, што траат две и пол години.
Тие вклучуваат интервјуа со затвореници, очевидци, преживеани и роднини на убиени, заробени или исчезнати лица.