Американските нафтени компании бараат санкции за Русија и Саудиска Арабија

Од:

САД треба да воведат санкции против Русија и Саудиска Арабија и со тоа да ги натераат овие две најголеми производители на нафта да ја прекинат војната околу цената на нафтата и го скратат производството.

Според „Фајнешл тајмс“, големите нафтени компании на САД започнале да лобираат во Вашингтон за воведување казнени мерки против Москва и Ријад.

Меѓудругото, производителите на „црното злато“ во САД бараат воведување на царини кон двете земји. Но и прекин на воената помош за Ријад и воведување на царини за руските енергенси,

Од друга страна, ако Москва се согласи да соработува со Вашингтон, тогаш САД би требало да ги укинат постоечките царини кон Русија.

Земјите од групата најкрупни извознички на нафта во светот, ОПЕК, планираат средба со Русија за да се разгледа ситуацијата со пазараот на нафта во светот. Средбата може да се оддржи на 6 април.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Судот на ЕУ ги потврди санкциите против зетот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Горан Наумовски

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

ЛДП: Потребни се и санкции за оние кои ги злоупотребуваат службените возила за приватни цели

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија