Американскиот Музеј на Холокаустот е загрижен за порастот на нео-нацизмот во Грција

Од:

Меморијалниот музеј на Холокаустот во Вашингтон во средата потпиша договор за соработка со Генералштабот на грчката армија, при што е предвидено преведување на материјалите достапни во музејот во Вашингтон на грчки јазик за запознавање на грчката јавност.

Договорот е склучен во време на постојан пораст на влијанието на нео-нацистичката партија „Златна зора“ во Грција, чии членови отворено промовираат антисемитизам, вклучително и потегот на нивниот пратеник Илиас Касидиарис, кој од говорницата на грчкиот Парламент читаше навреди за Евреите.

По банкротот на Грција, високи лица од Грчката православна црква, пак, упатија обвинувања дека Грција е жртва на банкарски заговор кој го лоцираат во Израел.
– Не можам да кажам каков ефект ќе има договорот што го потпишавме со Грција.

zlatna-zora

Музејот е посветен на зачувување на сите сведоштва од Холокаустот и нивно ставање на достап на јавноста, за да можеме да научиме од историјата. Со тоа што ќе ги направиме информациите достапни на повеќе јазици, вклучително и на грчкиот, ние ги приближуваме фактите за Холокаустот до светската јавност, изјави Ендрју Холинџер, директор за комуникации на Музејот на Холокаустот во Вашингтон.

Меморијалниот музеј на Холокаустот во Вашингтон и неговата мрежа на музеи низ САД е голема институција посветена на зачувување на споменот на Холокаустот и активизам за спречување на повторното ширење на идеологиите кои повикуваат на омраза.

Грчката дипломатија во изминатата година особено многу полага на негување на врските со организациите на еврејската заедница во САД, притоа отворено нудејќи соработка во експлоатирањето на се уште неактивните наоѓалишта за гас во Средоземно Море, кои се наоѓаат меѓу Кипар и Израел.

Аврамопулос беше главен говорник на јунската конференција на Американскиот еврејски комитет, кога и отворено го призна проблемот што Грција го има со подемот на нацистичката партија „Златна зора“, која дури отвори свој клуб и во Њујорк.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски