Двајца американски војници се уапсени денеска на јапонскиот остров Окинава под сомнение дека силувале една локална Јапонка.
Јапонската телевизија НХК објави дека двајцата мажи, на возраст од 23 години, се уапсени поради напад врз една жена рано изутринава. Едниот од напаѓачите признал дека е виновен, додека другиот ги отфрлал обвинувањата.
Претставник на полицијата на Окинава одби да ги коментира информациите на НХК.
Инцидентот во кој се вмешани американски војници се случи во момент кога се зголемени протестите поради стационирањето на островот на 12 транспортни авиони Оспреј, чии податоци за слабата безбедност предизвикаа загриженост меѓу локалното население.
Најновите обвиненија против американските војници за силување би можеле дополнително да го зголемат нерасположението против американските бази на островот.
На Окинава се сместени половината од 47.000 американски војници стационирани во Јапонија.