Американски воен хеликоптер се урна во морето кај Јапонија

Од:

Американски воен хеликоптер се урна денеска во морето крај јапонскиот остров Окинава, при што тројца членови на екипажот се спасени, а двајца се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

– Хеликоптерот „Сикорски УХ-60 Блек Хоук“ се урна во морето на 30 километри источно од воздухопловната база „Кадена“ на Окинава, изјави портпаролот на јапонското Министерство за одбрана, Кентаро Като.

Во леталото се наоѓале пет лица, а не се соопштуваат детали за здравствената состојба на тројцата спасени.

Во тек е спасувачка операција за пронаоѓање на исчезнатите лица.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот