Американскиот подводен сонарен скенер „Блуфин-21“ ќе ја продолжи уште еден месец потрагата по изчезнатиот авион на авиокомпанијата „Малејжа ерлајнс“, изјави портпаролот на Седмата американска флота, капетанот од трет класа Вилијам Маркс.
– На барање на австралиската Влада Воената морнарица на САД ќе продолжи да помага во напорите за подводната потрага со сонарниот секенер „Блуфин-21“ уште речиси четири недели, додаде Маркс.
Тој истакна дека австралискиот брод „Оушн Шилд“ заедно со „Блуфин-21“ плови кон базата во западна Австралија за да ги наполни резерворите, како и за да се извршат ремонт и софтверски модификации на подводниот робот.
Малезискиот „Боинг-777“, со 239 патници и членови на екипажот, исчезна на 8 март, додека сообраќаше на реалцијата Куала Лумпур-Пекинг.