Американски шпионски авион лета во близина на Северна Кореја

Од:

Американски шпионски авион утрово прелетал во близина на Корејскиот Полуостров, во обид да ја надгледува Северна Кореја, објави јужнокорејската служба за следење на авионите.

Како што објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, американскиот авион Е-8Ц „Џоинт старс“ (Joint stars) е забележан на небото над Жолто Море.

Истиот авион е забележан како изведува операции во саботата исто така над Жолто Море.

Авионот надлетува во близина на Северна Кореја по наводите дека Пјонгјанг би можел да тестира ново оружје непосредно пред претседателскитеизбори во САД,што се закажани на 3 ноември.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на 10 октомври најави дека ќе продолжи да го зајакнува одбранбениот систем на земјата, а на воената парада во Пјонгјанг беше презентирана нова интерконтинетална балистичка ракета.

Пјонгјанг и Вашингтон минатата година ги прекинаа разговорите за севернокорејската нуклеарна програма.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина