Американски пратеници бараат прием на Тајван во СЗО

Од:

Челниците на надворешно-политичката комисија во двата дома на американскиот Конгрес вчера упатија писмо до речиси 60 држави во светот, од кои бараат да го поддржат членството на Тајван во Светската здравствена организација.

Поради противењето на Кина, Тајван не е член на Обединетите нации, а со тоа ни нејзината агенција – СЗО. Кина не признава независност на Тајван и се обидува да го врати под своја контрола.

„Додека светот се бори против ширењето на Ковид-19, новиот коронавирус првпат идентификуван во кинескиот град Вухан, никогаш не било поважно да се овозможи сите држави да стават поголем приоритет на глобалното здравје и безбедност, отколку на политиката“, напишаа конгресмените.

„Писмото го потпишаа и демократски и републикански пратеници, а испратено е до државите „истомисленички“, како што се Канада, Тајланд, Јапонија, Германија, Велика Британија, Саудиска Арабија и Австралија.

Во писмото, Тајван се опишува како „доверлив партнер“, кој е во можност да понуди значајни ресурси во борбата против пандемијата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски