Американски официјални лица: Русија се подготвува за сеопфатна инвазија на Украина

Од:

Русија ги засили подготовките за сеопфатна инвазија на Украина, но не е јасно дали Москва се одлучила на таков чекор, изјавија американските власти, повикувајќи се на проценки од разузнавачки извори.

Русија собрала околу 110.000 војници долж границата со својот прозападен сосед, но американското разузнавање не е конкретно во однос на тоа дали претседателот Владимир Путин одлучил да изврши инвазија, според официјални лица кои ги известуваат членовите на Конгресот и европските сојузници во последните денови.

Официјални лица предупредуваат дека руските сили на границата се зголемуваат со брзина што ќе му ја даде на Путин потребната воената моќ за целосна инвазија – околу 150.000 војници – до средината на февруари. Во моментов неговата подготвеност е на околу 70 отсто, додаваат оттаму.

Тие рекоа дека Путин ги сака сите можни опции: од ограничена кампања во прорускиот регион на Украина Донбас до целосна инвазија.

Русија негира дека планира инвазија на Украина.

Меѓутоа, ако Москва сепак одлучи да изврши напад од целосен размер, руските трупи би можеле да го заземат главниот град Киев и да го соборат претседателот Владимир Зеленски во рок од 48 часа, изјавија официјални лица.

Тие процениле дека од 25.000 до 50.000 цивили ќе бидат убиени во таков напад, заедно со 5.000 до 25.000 украински војници и 3.000 до 10.000 руски војници.

Тоа може да предизвика и „поплава“ од 1 милион до пет милиони бегалци, главно во Полска, додаваат официјални лица.

Би можело да ве интересира

Руте: Земјите-членки на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје

Стармер: На Украина и се потребни дополнителни безбедносни гаранции поради амбициите на Путин

Сијарто: Невозможно е Украина да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан

Јермак: Украина нема да се согласи на замрзнат конфликт

Лукашенко: Украинците нема да се согласат на прекин на огнот

Горан Наумовски

Путин: Ние сме за прекин на огнот, но прво треба да добиеме одговори на прашањата

Горан Наумовски