Американски официјален претставник: Санкциите ќе доведат до „отфрлање“ на Русија доколку ја нападне Украина

Од:

Меѓународните санкции кои би биле воведени од САД ќе доведат Русија да биде „отфрлена“, доколку претседателот Владимир Путин изврши инвазија врз Украина, изјави денска висок американски функционер.

– Тоа би ја направило отфрлена за меѓународната заедница. Ќе стане изолирана од глобалните финансиски пазари и ќе биде лишена од најсофистицираните технолошки иновации, изјави заменик-советникот за национална безбедност во Белата куќа задолжен за меѓународна економија, Далеп Синг.

Тој најави „интензивен одлив на капитал, зголемен притисок врз руската валута, зголемена инфлација, повисоки трошоци за задолжување, економски пад и ерозија на нејзиниот производствен капацитет“.

– САД се „подготвени“ за справување со евентуални последици доколку Русија одлучи да ги користи како „оружје“ своите огромни енергетски резерви како одговор на западните санкции, истакна Синг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски