Американски научници пронашле нов вид субатомски честички

Од:

Научници, кои работат за Владата на САД соопштија вчера дека откриле нов вид субатомски честички од семејството тетракварк, кои ќе им помогнат подобро да го разберат тој микросвет.

Кваркови се честички кои се градежни блокови на субатомските честички, како што се неутроните и протоните. Во изминатите 60 години научниците ги набљудувале кварковите поврзани во групи од две или три честички, но во петокот е објавено дека прв пат забележале и тетракварк, кој се состои од четири различни кваркови.

Податоците за ова откритие пристигнале од Фермилаб, лабораторија специјализирана за физика на високоенергетски честички, која го финансира Одделението за енергетика на американската Влада.

Научниците дошле до откритието благодарение на податоците добиени во рамки на истражувањето Тевитрон, кое е прекинато во 2011 година. Тие имено продолжиле да ги испитуваат големиот број информации добиени од експериментот Тевитрон.

Честичката е наречена X(5568).

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес