Индија разговара со неколку компании за набавка на 110 борбени авиони и тоа, според американски медиуми би бил најголема бизнис зделка од тој вид во светот.
Воздухопловните сили на Индија се информираат за борбени авиони со еден или два мотора, но услов е барем 85 отсто однив да бидат произведени во Индија.
Победникот во „трката“ би добил договор вреден најмалку 15 милијарди долари.
Во армијата на Индија има засега застарени МиГ-ови и потребни им се барем 42 ескадрили за да може да се „носат“ со заканите кои потенцијално се од Пакистан и Кина, наведуваат американски медиуми.